ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА ПОРАСНА – ама животниот стандард опадна

Порастот на просечната плата веќе три дена ја бранува јавнста. Согласно последните податоци од Заводот за статистика, просечната нето плата во земјава надмина 30 илјади денари, што беше и повод премиерот Ковачевски да им се заблагодари на сите министри од неговиот и мандатот на неговиот претходник.

Но, колку растот на просечната плата ги отслукува реалните состојби, и дали е вистински одраз на примањата на граѓаните. Податоците од ДЗС покажуваат дека во земајва има професии кои добиваат плати кои се значително повисоки од просечната, но исто така имаме и дејности и вработени кои имаат пониски плати од просекот.

Најниска просечна нето плата има во секторот Заштитни и истражни дејности каде просекот изнесува 17.790 денари, по што следуваат Услуги со одржувањае згради и дејности за уредување и одржување на животната средина и природа со 19.810 денари, па следува Производство на кожа и производи од кожа со 20.537 денари, Дејности за подготовка на оброци и служење храна 21.421 и производство на облека 21.625 денари.

Најголем дел од работоспособното население во Македонија е активирано во Преработувачката индустрија каде што просечната плата според ДЗС достигнува 27.398 денари.

Економистите укажуваат дека и покрај растот на платите кој го утврдува заводост за статистика, поспакувањето на храната е многу поголемо, поради што растот на платите не го подобрува животниот стандард на граѓаните.

-Треба да се има предвид дека порастот на цените на храната е повисока од општата инфлација и изнесува 15 отсто. Посиромашните семејства издвојуваат поголем дел од своите приходи за храна, па оттука за нив ниту зголемувањето на платите од 10 проценти, а особено не истата висина на платите, не им овозможува ист животен стандард како минатата година. Напротив. Сето ова значи дека се многу празни и дегутантни фалбите дека власта го исполнила ветувањето за 500 евра просечна плата. Ако власта го исполнеше своето ветување за прогресивен данок, најбогатиот 1 процент нема да земаше екстремно високи плати, па просечната нето плата ќе беше пониска како резултат на таа мерка. А тие пари државата ќе можеше да ги искористи за подигнување на животниот стандард на најсиромашните. Истото се однесува и на привилегираниот статус на најбогатиот 1 процент, што за разлика од сите нас останатите, уплаќа придонеси од плата само на мал износ од својата бруто плата. И тоа ќе ги намалеше нивните нето плати и следствено ќе имаше одраз на висината на просечната плата – укажува професорот Здравко Савески.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons