На македонската економија и фалат работници 

Дефицитот на кадар во земјава се продлабочува .Најкритично е во градежништвото и турзимот а недостиг од работници има речиси во сите области добрите познавачи сметаат дека потребна е стратегија со која на младите ќе им се понудат  можности, иднина и квалитетен живот.

Според професорот Мариноски за да се задржат работниците дома потребно е изедначување со условите и платите кои им се нудат надвор од нашата држава.

Со куфери на аеродромите и  автобуските станици, младите на пат кон подобар живот.Корупцијата , образованието, инфраструктурата, невработеноста се дел од причините за големото иселување на младите од земјава.

Во рок од 20 години бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за над 150 илјади граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons