Одѕивот до 17 часот е 44 отсто, за 9 отсто поголем во споредба со изборите за претседател во 2019 

Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како нецелосни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.

Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.

Заклучокот е дека гласањето се одвива мирно.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.

Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како нецелосни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons