Спасени четворица косовски државјани кои заглавиле во снегот на Галичица

На 03.03.2023 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека во националниот парк Галичица во снег има заглавени странски државјани. Полициски службеници  и екипи од Територијалната противпожарна единица Ресен и од стражарска служба Галичица излегле на терен и во 19.50 часот лицата биле пронајдени, извлечени од снегот и безбедно упатени до граничен премин Стење.

Констатирано е дека се работи за четворица косовски државјани кои биле со патничко моторно возило “фолксваген пасат”со  косовски регистарски ознаки.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons