Најмалку осум лица загинаа по експлозија на танкер со гас во Јоханесбург 

Најмалку осум лица загинаа, а десетици се повредени во голема експлозија на танкер со течен нафтен гас во Јоханесбург во Јужна Африка, јавија локалните медиуми.

Се чини дека танкерот се заглавил и се запалил утрово под низок мост во градот Бруксбург, на 100 метри од болницата, јавува Би-би-си.

Пациентите се евакуирани од болницата бидејќи од експлозијата се урнал дел од покривот.

Додека пожарникарите се обидувале да го изгаснат пожарот, се случила втора експлозија која уништила едно пожарникарско возило и два автомобили.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons