Зеленски вели дека Киев го губи трпението за преговори со Русија

Војната во Украина немаше да се случи ако земјата беше членка  на НАТО, смета претседателот Володимир Зеленски. 

Зеленски предупреди дека Киев снемува трпение за преговори со Русија, поради докази за руските воени злосторства во Украина.

„Подготвени сме за преговори, додека не биде доцна. Со секој нов напад, со секој нов Мариупол, со секој нов град каде што ќе бидат убиени десетици илјади луѓе и каде што ќе има случаи на силување и злосторство, исчезнува желбата и шансата за преговори, како и веројатноста за решавање на конфликтот преку дипломатија“, кажа Зеленски во онлајн обраќање до француските студенти.

Тој повтори дека Украина сака и мора да се приклучи на Европската унија и ги повика лидерите на ЕУ да го забрзаат процесот. Зеленски вели дека Украина ќе ги врати своите територии. 

Ројтерс потсетува дека рускиот претседател Владимир Путин неколку пати повторил дека ризикот од влез на Украина во НАТО ја оправдува воената операција која започна на 24 февруари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons