Барди по победата над Фенербахче: Бидете сигурни дека ќе се бориме за титулата 

И покрај лошиот старт на сезоната, Трабзонспор со победата над Фенербахче од 2-0 се доближи на само три бода до лидерската позиција.

На вчерашното големо дерби Барди во игра влезе во 76. минута, додека Алиоски поради повреда го пропушти мечот.

„Многу сме среќни што победивме на овој меч, секогаш одиме со цел да победиме, нашата цел е да бидеме шампиони. Јасно е дека борбата за титулата ќе биде тешка, секогаш е потешко да се одбрани отколку да се освои, но бидете сигурни дека ние ќе се бориме“, рече Барди.

Фенер е лидер со 29 бода, Галатасарај има 27 но и натпревар помалку, Трабзон има 26.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons