Во училиште во Скопје во тоалетот е најдена рамка од пушка 

Рамка од пушка e пронајдена во тоалет во основно училиште во Скопје. 

Станува збор за училиште во населбата Ченто, соопшти полицијата. 

„Денес во 7.55 часот во основното училиште ’25 ти Мај’, лоцирано на ул.’Алија Авдовиќ’ во Скопје, во машкиот тоалет од страна на хигиеничар пронајдена е рамка од пушка. Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници за расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons