ВИДЕО: Страотна несреќа на патот Кичево-Охрид: Неофицијално има загинат и повеќемина повредени

Тешка сообраќајна несреќа се случи на патот Кичево-Охрид кај селото Ботун доцна попладнево, објави „Макфакс“. во која учествувале три возила.

Во страотниот судир учествувале три возила, меѓу кои комбе и автомобил „Голф“.

Повеќе медиуми неофицијално објавија дека во несреќата загинал еден човек, а повеќемина се повредени.

„Немаме информации за карактерот на повредите, увидот не е започнат. Првично е дека две-три возила се учесници во незгодата, како што ни е јавено од терен“, велат од СВР Охрид за „Макфакс“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons