Вардар го победи вториот тим на Пелистер и се пласира во финалето од купот

Вардар очекувано е првиот финалист во Купот на Македонија откако со 28-24 го совлада Еурофарм Пелистер 2 во првото денешно полуфинале.

Вториот битолски тим по квалитет не се даде лесно, добро се држеше во текот на целиот меч, на крајот загуби, но не разочара. Вардар водеше во текот на целиот меч, но Еурофарм Пелистер 2 се враќаше. На полувремето беше само два разлика 13-11. Црвено-црните ја дуплираа предноста во вториот дел и мечот го завршија со победа од 28-24. Дибиров беше најдобар стрелец со десет постигнати голови, одлична партија имаше Талески кој даде девет гола. Во составот на Пелистер Петровиќ и Ѓукиќ постигнаа по шест. Во неделното финале Вардар ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons