Зинедин Зидан нов кандидат за селекторското столче на Бразил 

Како што пренесува Л’Екип, Зинедин Зидан е на списокот со желби на Бразил, Французинот е еден од кандидатите за нов селектор на „кариоките”.

Бразил сака звучно име за нов селектор, Пеп Гвардиола беше една од желбите во минатото, но платата на Шпанецот ја направи зделката невозможна.

Карло Анчелоти исто така се посочуваше како кандидат, но искусниот стратег се чини дека нема намера да го напушти Реал Мадрид пред истекот на договорто во 2024 година.

Според пишувањата на Л’Екип, на списокот со желби се наоѓа и Зинедин Зидан, кој во моментов е без работа.

Се верува дека популарниот Зизу чека шанса да седне на столчето на Франција, но и покрај тоа што „триколорите“ загубија од Аргентина во финалето на мундијалот во Катар, Дидје Дешам ќе ја задржи работата.

Во следниот период ќе има разговори, па доколку Дидје Дешам остане, Зинедин Зидан ќе има една дилема помалку и ќе може помирно да го разгледа проектот на Бразил.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons