Македонија

НОВИ 13 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ЕСМ ЗА КУПУВАЊЕ НА ГАС ЗА ПАРНОТО – Владата го „храни“ со буџетски пари, ова е втора исплата 

Владата ќе му даде на ЕСМ сума од 13 милиони евра за снабдување со топлинска енергија. Оваа одлука е објавена во Службен весник, каде е наведено дека била донесена на владина седница на 29 ноември, односно завчера.

Колку од оваа сума се парите со кои вчера се купи и се плати гасот за Топланата Север, со цел денеска да може да се пушти парно за околу 500 домаќинства од Бутел и Чаир, а колку во овој износ влегуваат и други средства за набавка на гас за топланите Исток и Запад, засега не е прецизирано, бидејќи ЕСМ не ги објавува конкретно овие бројки. Од ЕСМ само вчера известија дека го платиле гасот за топлана Север и дека ќе имаат во иднина начин како да го контролираат користењето на средствата и плаќањето на гасот.

Инаку, како што се наведува во владината одлука, стнува збор за Одлука за одобрување на финансиски средства за справување на кризната состојба во снабдување со топлинска енергија.https://tas-mk.toboads.com/ads.php?b=2&rq=4b260ef5-844f-b336-6adc-859d7573b60f&vt=9eb7b022-8719-47cb-9a38-1cbaa8690d7e&isf=false&zn=6e0ce682e&tm=0&af=320×0&fv=undefined&nw=0&co=1&vh=706&vw=414&asc=0&srf=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2Fnovi-13-milioni-evra-za-esm-za-kupuvanje-na-gas-za-parnoto—vladata-go-hrani-so-budzetski-pari-ova-e-vtora-isplata&rf=https%3A%2F%2Fwww.faktor.mk%2F&loc=eq-srf&rn=cee2a7e8-09b5-ce2b-7d12-849b0042ffed&ct=d4859166-2fa4-a4fd-bfb0-06ab7b1c1eb9&c=hA_c_1_8da17e79&ah=0&L=6a05934f-a3e9-4f18-924d-15cfa976ed2a&afs=undefined&sck=c6346afd78ee6059995aeefe3ec14acb5849af76&

„Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 800.000.000 денари (13 милиони евра н.з.) на акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот за 2022 година, програма П – Мерки за справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки, потпрограма П1 – Мерки за справување со Ковид 19 кризата и други антикризни мерки, категорија Капитални расходи“, се вели во владината објава.

Ова е втор пат Владата да го „потхрани“ државното ЕСМ со буџетски пари за обезбедување на парно за скопјани, а кои се поврзани со оваа грејнаа сезона. 

Првиот пат за државната компанија со која раководи Васко Ковачевски биле одобрени буџетски пари на 27 септември оваа година. Тогаш ЕСМ инкасирал близу 18 милиони евра, или прецизно 17,89 милиони евра. Основата била иста како и сега, врз основа на владина одлука за одобрување на финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со топлинска енергија.

„Со оваа одлука се одобруваат финансиски средства во износ од 1.100.000.000 денари (17,89 милиони евра -н.з.) на Акционерското друштво за производство на електрична енергија, Електрани на Северна Македонија, во државна сопственост, Скопје заради обезбедување на финансиски средства за справување со кризната состојба во снабдување со топлинска енергија. Средствата ќе се обезбедат од Буџетот за 2022 година, потпрограма П1 – Мерки за справување со Ковид 19 кризата и други антикризни мерки“, беше наведено во владината одлука пред околу два месеци.

Како што е познато, ЕСМ сега го менаџира обезбедувањето на парно за околу 60 илјади скопски домаќинства, и преку таа компанија одат набавките на гас за топлинска енергија. 

А, токму во текот на вчерашниот ден ЕСМ ги смируваше граѓаните дека има набавено гас и за следниот период за топланите Исток и Запад, но дека и во иднина ориентација на компанијата ќе биде да се купува овој енергенс на пократки рокови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons