(ВИДЕО) ГЛЕТКА КОЈА ГИ ШОКИРАШЕ РУСИТЕ: Во руски град се појавија лица во украински униформи 

Необични сцени ги исплашија Русите во руски град и тие помислија дека Украина ги нападнала. 

Градот Твер се разбуди од колона „украински“ воени возила на неговите улици, што предизвика загриженост.  Ова се случило пред неколку дена, кога жителите на Твер, град на 160 километри северно од Москва, се разбудиле со ваква глетка.  Жител на градот вели дека бил прилично нервозен и не знаел што се случува. Но, се работи за филмски сет на руска филмска екипа за претстојниот филм за руската војна. „Музичар“ ќе биде првиот филм што ќе го претстави конфликтот меѓу Русија и Украина на филмското платно. Ова не е првпат руските актери да предизвикаат конфузија.

Во градот Калуга група мажи облечени како украинската армија се преправаа дека го заземат театарот. Тоа се случи на почетокот на овој месец. Мажите зеле еден човек како заложник и го одвеле зад сцената каде што наводно бил застрелан. Но, тоа била драмска изведба.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons