Припадници на МВР и АРМ ќе бидат затворски полицајци во Идризово 

Оваа одлука произлегува по минатонеделните седници на Групата за процена и Управувачкиот комитет одржани во Центарот за управување со кризи, на кои беше согледана фактичката состојба во оваа установа од безбедносен акспект, а се говореше и за хуман третман на лицата кои издржуваат казни во затворските простории, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Еден од главните проблеми со кои се соочува оваа казнено поправна установа е недостатокот на кадар во затворот. Бројот на вработени лица во затворската полиција е недоволен за да ги задоволи секојдневните потреби и активности во најголемата казнено поправна установа во државата. Кон ова решение се пристапува поради важноста на потребата од нови вработувања во затворот при што приоритет ќе се дава на пополнување на испразнети места во затворската полиција, соопштија од ЦУК. 

„Владата ќе го задолжи ресорното Министерство за правда заедно со раководителите на казнено поправните установи во земјата, да изнајдат соодветнен начин  за подобрување на условите на вработените во затворите, како и вработување на нов кадар одговорен за безбедност и ресоцијализаиција на затворениците. Владата и институциите ќе продолжат да ги вложуваат сите напори, казнено поправните домови во државата да ги достигнат меѓународните и националните стандарди на човековите права, со што би им се овозможил соодветен третман на осудените лица“, пишува во соопштението на ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons