Се намалија колоните возила тргнати за Грција 

Како што покажува камерата од граничниот премин Богородица, за разлика од вчера, утрово нема долги колони возила тргнати за Грција. Од АМСМ велат дека нема подолги задржувања на граничните премини ниту за излез од Македонија, ниту за влез.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, информираат од АМСМ и велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. 

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons