ДВЕ ЖЕНИ КОИ ПИТАЧАТ ПРИВЕДЕНИ: Ќе добијат пријави за запуштање и малтретирање на децата
Две жени питачки се приведени во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Двете питачеле на улица со своите деца.
„Одделенијата за криминалистички работи во Единиците за внатрешни работи при СВР Скопје во содејство со Јавна установа Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје, во текот на изминатата недела превземаа мерки и активности по претходно подготвени планови за спречување на социопатолошката појава „питачење“ при што лишени од слобода биле Ј.Д.(44) и Н.Ј.(30) двете од Скопје поради тоа што биле затекнати како заедно со своите малолетни деца питачат на улица на подрачјето на Скопје. Со нив бил извршен службен разговор и по целосното документирање на случајот ќе следат кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по чл.201 од КЗ на РСМ, стои во соопштението.