Спорт

Ѓорческа има скок за пет места на ВТА листата

Најдобрата македонска тенисерка, напредуваше за пет позиции на најновата ВТА ранг листа, сега е на 365. место.

Лина изминатата недела запиша една победа на турнир во Истанбул, а тоа ѝ донесе напредок од пет позиции на листата.

Овој ранкинг за Лина е далеку од нејзиниот најдобар во кариерата (170), но и многу далеку од најдоброто рангирање оваа година, таа во еден момент во 2026 беше и на 181. позиција.

На врвот на ВТА листата е Елена Рибакина, во топ десет се уште и Арина Сабаленка, Мира Андреева, Коко Гоф, Џесика Пегула, Елина Свитолина, Каролина Мучова, Линда Носкова, Ига Швјонтек и Марта Костјук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons