Зеленски: Мариупол не се разликува од опсадата на Ленинград 

Во своето доцно обраќање, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја нарече Русија „терористичка држава“ и рече дека нејзиниот напад врз Мариупол не се разликува од опсадата на Ленинград.

„Светот мора официјално да утврди дека Русија стана терористичка држава“, рече Зеленски, повторувајќи ги неговите постојани барања за уште построги санкции против Москва, дополнителни испораки на оружје за украинските војници и затворање на украинскиот воздушен простор.

Зеленски, исто така, директно им се обрати на Русите, барајќи од нив да се запрашаат дали опсадата на Мариупол се разликува од опсадата на Ленинград и им вети на руските војници кои ќе го положат оружјето шанса да преживеат.

– Граѓани на Русија! Како вашата опсада на Мариупол се разликува од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна? Секој руски војник кој ќе го остави оружјето ќе добие шанса да преживее, додаде тој.

– Сѐ уште има можност. Има шанса за секој војник кој е испратен на територијата на нашата земја, за секој еден кој не е убиен, повреден или заробен. Руската армија трпи загуби што не ги виде во Сирија или Чеченија, а кои советските трупи ги немаа ниту во Авганистан. Ако вашата војна, војната против украинскиот народ, продолжи, мајките на Русија ќе изгубат повеќе деца отколку во авганистанската и чеченската војна заедно. Зошто е тоа потребно? – праша Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons