Брнз: Борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин 

Корупција, толку често го слушаме зборот што веќе стравувам дека ќе го загуби и значењето. Има долгорочни последици што ги ограничуваат шансите за успех на една земја, нагласи Кејт Мери Брнз, амбасадор на САД во РС Македонија на денешниот регионален форум „Борбата против корупција: Западен Балкан во фокусот“.

За амбасадорката Брнз важно е да се знае дека мора да се бориме против корупцијата. Кога граѓаните чувствуваат дека не можат да успеат во нивниот систем заради корумпирани административци или коруптивни пркатики, истакна таа, тоа ја нагризува суштината на општеството.

Амбасадорката Брнз го истакна напредокот во С Македонија и во другите земји во регионот, посочувајќи дека нашата земја имаше напредок од 24 места на листата за перцепција за корупцијата.

– Би сакале да го задржиме овој момент на движење, но сепак ни претстои уште многу работа, рече Брнз.Додаде дека корупцијата има различни форми не се само парите во плико и не се случува само на највисоко нивоа на Владата.

– Научивме дека граѓаните некогаш не можат да добијат на пример извод од матична книга на родени без да потплатат. И ова е корупција, и тоа е погрешно и штетно. Тоа е корупција што го забавува напредокот. Борбата против корупцијата е едно од основните човекови права, а од оваа година и судството ќе биде вклучено. Во С Македонија на пример има голем притисок врз судиите, и сето ова може да биде индикатор за корупција и во најдобар случај може да го направи судскиот систем подложен на корупција. САД инвестирале многу во судскиот систем во С Македонија за да ги затвори овие ранливи точки и сакаме да видиме дека нашите инвестиции се исплатливи со судски систем што е правичен за сите, порача Брнз.

Уште еднаш нагласи дека борбата против корупцијата мора да се спроведува секој ден, во секоја институција и за доброто на секој граѓанин.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons