Актуелно

САД дадоа уште 31 милион долари за македонската војска

Со нови 31 милион долари финансиска поддршка, Соединетите Американски Држави продолжуваат да го поддржуваат процесот на модернизација и опремување на Армијата согласно највисоките стандарди на Алијансата, соопшти Министерството за одбрана.

„Минатогодишната поддршка за модернизација и опремување беше во вредност од 106 милиони долари, што е доказ за силните одбранбени врски помеѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави како сојузници во НАТО“, додаваат од министерството и велат дека од почетокот на одбранбената соработка до 2022 година САД го поддржаа развојот на одбраната и на Армијата со 160 милиони долари, а само во последната година Македонија доби дополнителни 137 милиони долари американска поддршка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons