Како ќе се чествува раѓањето на Делчев?

Кој може, а кој не треба да присуствува на 151вата годишнина од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде познато по средбата на министрите за внатрешни работи на Македонија и Бугарија закажана за во понеделник во Скопје, објавија медиумите во Софија.

На состанотот на двете делегации треба да се договори протоколот за чествувањето на ликот и делото на македонскиот револуционер Делчев.

Ова следи откако во сабота на 4 февруари најавено е доаѓање на поголема група бугарски граѓани во Скопје, а истовремено активисти на ВМРО-ДПМНЕ од Патриотскиот институт на партијата “Гоце Делчев“ најавија дека уште од утринските часови ќе бидат во црквата „Свети Спас“.

Во меѓувреме бугарската собраниска Комисија за надворешна политика усвои декларација за Македонија која ќе се достави на гласање во тамошниот парламент. Документот со 9 точки меѓу другото ги осудува актите на насилство како што е наведено врз Бугарите во земјава и се повикувааат властите да ги откријат напаѓачите на Христијан Пендиков во Охрид и да ги изведат пред лицето на правдата, понатаму инсистираат на осуда на говор на омраза против локалните Бугари и противење на измените во Законот за здруженија и фондации, кои според нив го дискриминираат и намерно го ограничуваат правото на здружување на Бугарите во Македонија. Приговараат и за трајно неспроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји од 2017 година.

Денеска за нарушените односи меѓу Македонија и Бугарија после инцидентот во Охрид на прес конференција зборуваше и поранешниот Премиер и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов. Тој кажа дека разговарал со лидерот на ВМРО ДПМНЕ за последните настани и во нив гледа обид за враќање на земјава под руско влијание.

-Овде гледам обид за враќање на Северна Македонија под руско влијание, намерно, и тоа се прави многу активно. Во никој случај не треба да бидете заведени. Најдоброто нешто за Бугарија е Северна Македонија и Албанија да бидат во Европската Унија и НАТО“, рече Бојко Борисов.

Вчера за аклтуелните теми во двете земји телефонски разговарале Прeмиерот Димитар Ковачевски и техничкиот премиер на Бугарија, Галаб Донев.

И двајцата заклучиле дека сите кои ќе го оневозможат мирот ќе бидат санкционирани, без разлика дали се Македонци или Бугари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons