Пак закани за поставени бомби во 14 училишта во Скопје

Дојави за поставени бомби стасаа и денес во неколку училишта во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека се преземени мерки за евакуација се прават антитерористички проверки. Се работи за бројка од 14 училишта. 

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите”, велат од МВР.

Дојави за поставени експлозивни направи имаше и вчера. Се работеше за бројка од 86 училишта во Скопје, една градинка, едно училиште во Прилеп и Заводот за рехабилитација во Скопје. 

Заканите за бомби станаа секојдневие, а до сега сите беа лажни. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons