Навидум чисто, но Скопје е на 13-тото место во светот според загаденоста на воздухот

Сончево и релативно топло е времето, навидум и воздухот е чист. Но на специјализираните страници за следење на квалитетот на воздухот во светот, малку пред пладне Скопје се најде на мошне високото 13-то место според загаденоста на воздухот. На изненадувачко високо место, на четвртото се најде Загреб, по големите градови Пекинг, Мумбај и Акра. Веднаш зад Скопје на 14-то место е Сараево, кое исто е распослано во котлина.

Во делови од Скопје, како кај Ректоратот, во населбата Лисиче и во дел од Гази Баба квалитетот на воздухот се дефинира како нездрав, со индекс од над 150.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons