Џафери во Украина: Лично ќе се залагам институциите да ја пружат сета можна поддршка

Џафери во Украина допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови, и тоа на покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук, соопштија од прес-службата на Собранието.

Џафери напомена дека лично ќе се залага сликите во Украина да го добијат правото име што им следува, а тоа е, како што вели, геноцид и ништо друго.
Истовремено, во посета на Украина денеска се и претседателите на парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација.

„Особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. На нас од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде,“ изјави Џафери.

Оваа посета на претседателот Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета од сите нивоа на власт во Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons