Македонија У19 ги почнува квалификациите за ЕП, Капинковски објави список
Младата репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 9 до 17 ноември ќе биде домаќин на натпреварите од вториот квалификациски круг за пласман на Европското првенство 2027.
Избраниците на селекторот Димитар Капинковски ќе ги одмерат силите со репрезентациите на Северна Ирска, Словенија и Малта, а сите натпревари ќе се одиграат во Турново и Струмица, со почеток во 13:00 часот.
Македонија квалификацискиот турнир го отвора на 11 ноември против Северна Ирска на стадионот „Кукуш“ во Турново. Три дена подоцна, на 14 ноември, нашите млади фудбалери ќе се соочат со Словенија, додека последниот натпревар од групната фаза ќе го одиграат на 17 ноември против Малта.
Селекторот Димитар Капинковски за претстојниот квалификациски турнир се одлучи за список од 21 фудбалер.
Голмани: Александар Трајковски (Брера Струмица), Павел Грбевски (Тетекс), Бесјан Алију (Башкими).
Одбрана: Албан Рочи (Струга Трим Лум), Христијан Маркоски (Келн, Германија), Матео Кесик (Јединство), Мухамед Мустафи (Сент Гален, Швајцарија), Филип Цветковски (Вардар), Анес Абдурахмани (Шкендија).
Среден ред: Габриел Талески, Бојан Велков и Иван Танчев (Брера Струмица), Лорен Жаку (Билиш, Албанија), Александар Грашевски (Динамо Загреб, Хрватска), Лавдрим Касами (Умраниеспор, Турција).
Напад: Мухамед Куртиши (Раперсвил-Јона, Швајцарија), Јован Мрмачовски (Пелистер), Јаков Стојковски (Падерборн, Германија), Јордан Дамевски (Арка, Норвешка), Дитмир Хоџа (Лидс Јунајтед, Англија), Антиан Емини (Кожуф).
Целта на македонската селекција е да го освои првото место во групата и да обезбеди пласман во Лига А за третиот квалификациски круг, со што ќе остане во трка за настап на завршниот турнир на Европското првенство 2027.



