Врсничкото насилство меѓу младите во пораст, за еден ден четири случаи за натепани малолетници 

Речиси не минува ден а во полициските билтени да не се забележуваат случаи со натепани малолетници, вербални напади во училиштата, насилиле преку социјалните мрежи и сл. Потврда за овој тренд кој е во пораст е токму и денешниот билтен на МВР во кои се наведуваат дури четири одделни случаи на врсничко насилство кои се пријавени во полицијата само за еден ден.

Имено, доцна синоќа Д.А.(67) од Куманово пријавил дека неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на дете. Напад имало и во селото Василево, пришто покрај нападнат малолетник настрадало уште едно лице, а напаѓачот употребил и тврд предмет, велат од полицијата.

Инцидент имало и во јавниот превоз. Според информациите од МВР, во автобус на ЈСП, на подрачјето на Бит Пазар било нападнато дете, а зад насилството, и во овој случај, стојат врсници. Вознемирувачки настан е забележан и во Градскиот парк, Скопје, кај „Школка“, за кој што алармирала мајката на момче кое било натепано на оваа локација.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Во изминатиот период, полицијата известува за низа случаи на пресметки меѓу малолетници, но и други сериозни дела. Еден од низата, кој ја вознемири македонската јавноста е вчерашниот кога малолетно момче беше силувано од страна на негови врсници. Насилниците со родителите биле повикани во станица, а случајот е во рацете на Обвинителството. 

За случајот, известен е и Центарот за социјални работи, а ќе биде поднесена пријава до Обвинителството.

Хоророт во полицијата завчера го пријави мајката на жртвата. 39-годишната скопјанка кажала дека двете деца го силувале нејзиниот малолетен син, а настанот го снимале, по што видеото го споделиле на неколку лица.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons