Годишнина од раѓањето на Борис Трајковски 

Со полoжување свежо цвеќе пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 67 годишнината од неговото раѓање.

Цвеќе положија претставници на Советот на Општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.

Пред споменикот на Трајковски беа прочитани и наградените творби по распишаниот литературен конкурс во организација на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.

Вториот претседател на државата, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons