Што се случи денес со цената на нафтата?

Се намали цената на нафтата. Слабите кинески показатели ја спуштија цената  под 96 долари. 

На лондонскиот пазар цената на барелот со рокови за испораки во октомври, кои истекуваат денеска, беше пониска за 3,41 долари отколку на затворањето на тргувањето во вторникот, и беше 95,90 долари. 

На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 2,89 долари пониска цена отколку во вторникот, на 88,75 долари. Вчера тргувањето беше затворено со минус од 5,37 долари.

Вчера го заклучи тргувањето во минус од 5,78 долари. Поактивно се тргуваше со барелите со роковите за испораки во ноември кои поевтинија за 2,97 долари, на 94,87 долари. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons