Актуелно

Земјотрес почувствуван утрово во делови од Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум територијата на државата, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 08 часот и 47 минути регистрираше земјотрес.

Епицентарот на земјотресот е ригистриран во соседна Грција, на 140 километри југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML 4.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во Битола, Охрид и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons