Рот за уставните измени: Сите треба да се прашаат како најдобро да ѝ служам на државата

Државата пред партијата при одлучувањето за иднината, порача во Скопје, 

германскиот пратеник и претседател на Комисијата за надворешни работи во Бундестагот, Михаел Рот. 

Вели дека треба да дадат поддршка за уставните измени. 

„Се надевам дека во парламентот ќе се создадат предуслови за да се продолжи со пристапните преговори. Знам дека промената на Уставот не им паѓа лесно на многумина, но сите треба да се прашаат како најдобро да ѝ служам на државата, а не на мојата партија“, вели Рот. 

Тој рече дека ја чувствува фрустрацијата и разочарувањето од ЕУ, но и дека ги охрабрува Македонците да зачекорат по европскиот пат. 

По средбата со Рот, пратеникот Антонио Милошоски на социјалните мрежи го повтори ставот на партијата дека пратениците на ВМРО – ДПМНЕ нема да ги прифатат бугарските уцени за смена на Уставот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons