Актуелно

Жена донесена во животозагрозувачка состојба во Клиничкиот центар, сопругот осомничен за семејно насилство

Жена во животозагрозувачка состојба била донесена синоќа во Клиничкиот центар во Скопје, откако, според медиумските информации, била претепана од нејзиниот сопруг.

Од Јавното обвинителство денеска информираа дека осомничениот е обезбеден и дека се преземаат дејствија за итно прибирање докази.

„Се преземаат сите дејствија за итно прибирање докази, согласно воспоставената процедура за итна координација и постапување по пријави за семејно насилство. Вклучени се и полициски службеници и Центарот за социјални работи“, соопштија од Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека правната квалификација на делото ќе биде утврдена врз основа на прибраните докази.

Случајот е во фаза на постапување од надлежните институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons