Чурлинов казнет „само“ со 17.500 евра!

Дарко Чурлинов ќе мора да плати 17.500 евра како казна за „опасната“ прослава на стадионот во Гелзенкирхен откако Шалке обезбеди влез во првата Бундес-лигата.

Македонецот беше еден од милениците на навивачите, па тој во еуфоричното славје запали факел додека беше на рацете на фановите. Според германските закони, држење на пиротехничко средство на терен е исклучително опасно, па Германската Фудбалска Федерација му изрече казна на Чурлинов од 25.000 евра.

Македонецот кој во меѓувреме се врати од позајмицата во Шалке назад во Штутгарт поднесе жалба, тврдејќи дека казната е превисока во однос на неговите примања во клубот. По ова, Дисциплинската комисија реши да ја намали казната на Чурлинов од 25.000 на 17.500 евра.

„Откако повторно ја разгледавме целокупната ситуација, земајќи ги во предвид и примањата на Чурлинов, донесена е одлука за намалување на казната“, објави Германската Фудбалска Федерација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons