Кристијано Роналдо е новиот клубски колега на Елиф Елмас?!

рансфер сагата на Кристијано Роналдо како да нема крај ова лето, а најнова епизода е дека сега има шанси да му биде соиграч на Ѐлиф Елмас во Наполи.

Популарниот ЦР7 сака да игра за клуб што ќе настапува во Лигата на шампионите, а Наполи е дел од елитата и ќе игра во луксузната лига.

Шпански „Ас“ објави дека Наполи е заинтересиран за Роналдо, а се споменуваат добрите односи меѓу неговиот агент Жорге Мендеш и сопственикот на клубот од Неапол, Аурелио Де Лаурентис.

„Роналдо може да биде нашиот нов Марадона“, вели Де Лаурентис, а пренесува „Ас„.

Како потсетување се наведува големиот пресврг што го направи Наполи кога во 1984 година во клубот пристигна легендарниот Марадона.

Неапол живееше во фудбалски транс, а Наполи со Марадомна во тимот освои две титули, единствени досега во клупската историја.

Португалецот има играно во италијанската Серија А и тоа за големиот ривал на Наполи, за тимот на Јувентус од 2018 до 2021 година и лани се врати во Манчестер јунајтед.

Роналдо нема дилеми дека ќе си замине од Манчестер јунајтед, а досега се шпекулираше дека ќе се пресели во ПСЖ, Челзи, Баерн Минхен, Спортинг, Атлетико Мадрид…

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons