Ѓоковиќ по четиричасовен трилер го победи Алкараз во Синсинати 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на Мастерсот во Синсинати, кој е последен тест пред УС Опен. Србинот го победи Карлос Алкараз со 2-1 во сетгови (5-7, 7-6/7, 7-6/4), во антологиски дуел кој траеше четири часа.

Љубителите на тенисот видоа неверојатен меч, можеби и најдобар годинава. Алкараз одлично влезе во мечот и со одземањето на сервисот на противникот во единаесеттиот гем, го потврди сетот и поведе во финалето.

Во вториот сет Шпанецот од Мурсија продолжи во ист ритам и брзо го одзеде сервисот на најголемиот ривал. Сепак, на 4-3, Новак се врати и стигна до тај-брејк.

Третиот сет беше израмнет до седмиот гем, кога Новак направи брејк. Сепак, при 5-4 и сервис на Србинот, Алкараз спаси четири меч топки и го внесе финалето во уште еден тај-брејк. Со седум врзани поени меѓу последните два гема, Ѓоковиќ ја реализира петтата меч-топка и стигна до трофејот во Синсинати.

Ова е 95-та титула во кариерата за Ѓоковиќ и „фрлена ракавица“ пред УС Опен.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons