Челси потврди, договорена е продажбата на клубот, заврши ерата на Абрамович

Челси во скоро три часот по полноќ излезе со соопштение во кое потврди дека договорени се условите со новиот сопственик, групацијата предводена од Тод Бели, Кларк Кепитал, Марк Волтер и Хансјоерг Вис, остануваат уште формалности за зделката да биде комплетирана.

Во соопштението се вели дека клубот е продаден за 2,5 милијарди фунти, сумата ќе биде депонирана во Британска банка, а сите пари ќе бидат донација во хуманитарни цели за жртвите од Украина како што и кажа Роман Абрамовиќ. Клубот соопштува и дека новите сопственици се обврзале да инвестираат дополнителни 1,75 милијарди фунти во клубот. Покрај во првиот тум, тука спаѓаат инвестиции во и Стемфорд Бриџ, академијата, женскиот тим… Челси очекува сите формалности за комплетирање на зделката да бидат завршени при крајот на овој месец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons