Македонскиот селектор на САД, Андоновски даде дозвола да настапи фудбалерка со хендикеп!  

Фудбалерката Карсон Пикет стана првата репрезентативка на САД која со вроден хендикеп одигра професионален меч за селекцијата на која селектор на нашиот Влатко Андоновски. 

Карсон Пикет е родена со хендикеп на левата рака. Но тоа не и пречеше да одигра цел меч против Колумбија и да даде допринос за победа на САД од 2-0. Чувството да се биде различен е нешто низ кое минувам цел живот. Овој месец е навистина посебен, важен и треба да се слави“, изјави Пикет по мечот.

 Таа кажа и дека како мала носела дуксери со долги ракави за да ја сокрие раката. Удел во овој историски ден има македонскиот тренер Влатко Андоновски кој е селектор на САД, токму тој и даде шанса на Пикет да настапи на мечот. 

„Карсон тренираше добро во изминатите денови и среќен сум што одигра добри 90 минути“, изјави Андоновски по мечот. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons