Рама: Соседите не можат да се бираат, минатото мора да се заборави

Премиерот на Албанија Еди Рама порача дека соседите не можат да се бираат, дека Србите, Хрватите, Црногорците нема никаде да заминат и дека сите мораме да пораснеме и да заборавиме на хаосот од минатото, пренесуваат албанските медиуми.

Зборувајќи на 18-тата конференција на Јадранско-Јонската инцијатива, Рама истакна дека не треба да се заборави колку други ги јавале нашите земји како и неволјите кои самите сме си ги создале, алудирајќи на земјите од Балканот.

„Тука сме за да останеме, Србите нема никаде да заминат, како ни Хрватите ни Црногорците. Мораме тоа да го средиме и да го заборавиме целиот хаос кој си го приредувавме едни на други. Да не заборавиме колкава загуба е да се вложува во омраза. Патот уште ни е долг, но денес сме на подобро место во однос на она каде бевме“, кажа Рама.

Тој истакна дека украинскиот конфликт е исклучителна лекција и ги повика сите во регионот да продолжат по патот на мирот и да не паднеме во замките од минатото.

„Пораката на оваа војна е драгоцена за сите нас. Тоа е многу важен момент во нашата историја. Важно е оваа соработка да се исплати, а нема сомнеж дека сме, поединечно гледано, денес подобри отколку што бевме порано, но и понатаму губиме многу од нашиот потенцијал животот да го направиме многу подобар“, кажа Рама.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons