ЦРН ПЕТОК ЗА МАКЕДОНСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Со тешки повреди две лица примени на клиниката „Мајка Тереза“

Двајца работници на ралични локации се здобиле со тешки телесни повреди за време на нивната работа во текот на вчерашниот ден и биле хоспитализирани на клиниката „Мајка Тереза“ во Скопје. Во текот на вчерашниот ден, и во Струмичката болница била донесена повредна 61 годишна жителка на село Василево. 

Како што објави МВР, до полициските служби е пријавено дека млад жител на селото Батинци вчера во вечерните часови бил донесен на клиниката со тешки повреди. 

– На 13.10.2023 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување работни задачи во трговски центар на подрачје на Гази Баба, со тешки телесни повреди се здобил Е.М. (19) од с.Батинци, Скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – се наведува во билтенот. 

Како што посочуваат од МВР, на местото на настанот извршен бил увид и за истиот бил известен и трудовиот инспектор.

Исто така вчерашниот ден се пкажал како „црн петок“ за уште еден работник од Македонија. 

Имено, на 13.10.2023 во 22.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека при извршување работни задачи во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди се здобил Г.Е. (48) од с.Мршевци, општина Илинден. И во овој случај бил извршен увид.

– На 13.10.2023 во СВР Струмица, од болницата во Струмица било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Н.Б.(61) од Струмица, со живеалиште во с.Василево, Струмичко.

Според пријавеното, таа се здобила со повредите при извршување работни задачи во фирма во с.Градошорци, Струмичко. Увид извршиле екипа на СВР Струмица и државен трудов инспектор – пишува МВР. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons