Милевски: Горд сум на фудбалерите и покрај поразот

По поразот од Украина селекторот на македо0нската фудбалска репрезентација Благоја Милевски кој даде своја анализа.

„Честитки за двете репрезентации за покажаното. Мислам дека сите уживаа во фудбалот кој го гледаа, и Украина и Македонија покажаа добра игра. Честитки за Украина за победата, но горд сум на моите момци. Реакцијата по така примен гол ни беше одлична, на почетокот на вториот дел направивме измени. Успеавме да се наметнеме, за жал не успеавме да дојдеме до гол и кога нема да ги искористиш шансите, поразот е неминовен.

Секогаш кога започнувате натпревар имате повеќе планови. Против нас имавме одличен ривал и првичниот план не функционираше. Примивме несреќен гол, по кој спонтано реагиравме и не можам да не бидам задоволен. Направивме неколку одлични шанси уште во првиот дел. Разочаран сум само од резултатот. Моравме да се отвориме во продолжението, па ѝ оставивме простор на Украина да нападне и доби повеќе шанси. Нема каква фудбалска поука да извлечеме од овој дуел, бидејќи одигравме солидно. Ни остануваат дуелите со главните фаворити, па нам ни останува да се надигруваме до крајот на циклусот“, изјави Милевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons