ВОНРЕДНА ВЕСТ: 20 минути кружел над Скопје: Авион на Ер Србија поради технички причини се вратил во Белград

Поради технички дефект, авионот на Ер Србија кој летал од Белград за Скопје, на летот JU 162, морал да се врати во Белград.

Авионот АТР 72, кој полетал во 13 часот и 25 минути од аеродромот Никола Тесла, кружел над Скопје 20 минути, пред пилотот да донесе одлука да се врати во Белград.

Како што им било кажано на патниците, дефектот во авионот не бил опасен и не го спречил слетувањето, но авионот би останал приземјен во Скопје, бидејќи таму не би можело брзо да се поправа, како што е случајот во Белград.

Авионот безбедно слетал на аеродромот Никола Тесла во 15:51 часот, а на официјалната веб страна на скопскиот аеродром е објавено дека летот ќе доцни неколку часа и авионот ќе слета околу 20 часот. 

Станува збор за авион кој Ер Србија го изнајмува и во кој имало екипаж од Данска.

Сите седишта во авионот биле исполнети бидејќи со овој лет летале голем дел од гостите кои доаѓаат на самитот на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons