Фирмите во земјава плаќаат најскапа струја на Балканот

Бизнисот се жали дека плаќа највисока цена на електрична енергија во регионот. Од Стопанската комора ги демантираат тврдењата на власта дека 70 илјади компании кои се на регулираниот пазар плаќаат субвенционирана и евтина струја. Од комората направија анализа на цените на мегават час во регионот. Нивните податоци покажуваат дека фирмите во Македонија плаќаат најскапа, а во Босна најевтина струја.

„Во Србија еден мегават изнесува 100 евра, а во Босна и Херцеговина е 65 евра, во Косово е 70 евра, во Бугарија е 128 евра. Во Романија се плаќа 180 евра, во Грција е 220. Во Македонија на регулиран пазар малите фирми плаќаат 230 евра за мегават на час“, велат од Стопанска комора.

ЦЕНИ НА СТРУЈАТА ЗА МАЛИТЕ ФИРМИ

БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА 65 евра за мегават (!)
Косово 70 евра за мегават
Србија 100 евра за мегават
Бугарија 128 евра за мегават
Романија 180 евра за мегават
Грција 220 евра за мегават
МАКЕДОНИЈА 230 евра за мегават (!)

За ваквата лоша состојба, најодговорна е власта и нејзините кадри, обвинуваат активистите за енергетска и социјална правда. Според здружението „Но пасаран“ лицата кои ги раководат енергетските капацитети не се способни да се справат со проблемите, а корупцијата во овој сектор велат дека дополнително ја зголемува цената на струјата.

„Ние не сме оптимисти знаејќи повеќе од 20 години имаме лоши раководни структури, сметаме дека овој тренд ќе продолжи и нема да им се помогне на граѓаните туку, само ќе се оди на зголемување на профитот на одредени структури. Ќе се оди на личен профит, на партиски профит, ќе се црпат средства од државната каса и нема да се води сметка за нејзино полнење за спас на граѓаните“, рече Марјан Ненов, Активист „Но пасаран“.

На последниот Економски совет власта не договори ниту една антикризна мерка за фирмите. Во сериозно влошена состојба се и големите компании кои на број се 1.600 и кои струјата ја купуваат на слободниот пазар. Сметките за струја на овие компании им се зголемени за повеќе од 10 пати. Дел од нив веќе затворија, а дел доколку нема државна помош, нема да можат самостојно да ја истуркаат зимата./Alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons