Мал интерес за студирање за наставник во основно и средно образование

Влошувањето на имиџот на наставникот, ниските плати и деградирањето на оваа професија се главните причини поради кои младите студенти ја напуштаат наставната насока, особено по математичко-природни науки, оценуваат наставниците. Гани Амети, наставник по географија, рече дека поради административните работи што ги вршат наставниците, тие ја губат волјата за работа во оваа професија, а голем број студенти го користат статусот за да добијат работни визи за работа во странство.

„ Мислам дека треба малку повеќе да се поттикнат наставниците, малку да се намали административната работа бидејќи повеќе се занимаваме со администрација отколку со настава, ова ни ја отежнува работата. Потоа, мислам дека треба да се отворат други паралелки бидејќи имаме доволно ученици во училиштата каде што бројката достигнува 30, во некои случаи и 34, што уште повеќе ни ја отежнува работата“, рече Гани Амети, наставник по географија.

Покрај географија, голем недостаток на кадар се забележува и по предметот математика. Наставникот Џељал Рамадани рече дека незаинтересираноста на учениците Албанци е поврзана со неизучување на албански јазик по Природно-математички науки во Скопје.

„Тоа може да биде првата причина што студентите не одат. Друга причина е што наставната програма е променета веќе неколку години и се изучува со наставната програма на Кембриџ. Кембриџ програмата се учи во основно, а кога одат во средно се менува програмата и учениците се чудат, бидејќи е нешто друго, затоа што не се запознаени, па им изгледа малку потешко и велат дека никогаш не мора да учат математика . Тоа би можело да биде уште една причина што наставниците по математика секогаш се занимаваат со дополнителна работа на училиште“, рече Џелал Рамадани, наставник по математика.

Слабиот интерес за Природно-математичките науки го потврдува и деканот на овој факултет Александар Скепаровски. Според него, најкритична состојба се јавува во студиските програми за настава за основно и средно образование.

Во новата академска 2022-23 година, многу отсеци останаа само со мал број на студенти. На Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје годинава на природно-математичкиот факултет се запишани 293 студенти, од кои најголем број на Институтот за биологија. На Институтот за математика 22 студенти, на Институтот за физика 11, на Институтот за хемија 65, на Институтот за географија 31, додека на Институтот за етнологија и антропологија само 6 студенти./Alsat.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons