Уште една девојка од Скопје е пријавена како исчезната: И нејзините родители се сомневаат дека отишла со нејзиното момче

Уште една 15-годишна девојка од Скопје е пријавена за исчезната. Согласно полицискиот билтен, родителите на девојката Л.Н. (15г.), се сомневаат дека била со нејзиното момче од Шуто Оризари со иницијали А.Н.  

„На 18.10.2023 во 15.30 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Н.(33) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Л.Н.(15). Според пријавеното, најверојатно била со нејзиното момче А.Н. од Шуто Оризари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, изјавија од МВР за Прес24.

Според информациите на МВР, и 14-годишна девојка од Скопје исчезнала, а родителите се сомневале дека била со нејзиното момче од Шуто Оризари. 


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons