Холандскиот амбасадор Коп повторно: Каде се парите што ги дадовме? 

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп повторно побара од власта да каже „каде се парите дадени за реформи од странските подржувачи?“. Во јуни холандскиот дипломат го привлече вниманието на јавноста со реторичкото прашање: „Каде се милијардите што ги дадовме?“.

Ова Коп го нагласи во контекст на тоа дека Македонија не треба да ја бара одговорноста во ЕУ што се уште не е членка, туку дека треба да тргне од себе за да може да ги исполни критериумите што се бараат.

– Сепак сите други земји во период од 10 до 15 години успеаја да ги направат потребните реформи и да станат членки на ЕУ. Што правите вие, освен што натрупувате изговори за исполнување на барањата за членство. Зошто вие не ги завршивте своите реформи пред 15 години како и овие други земји? Слушам дека Европската унија е виновна дека членството е заедничка одговорност и дека ние премногу ве оставаме да чекате. Вистината е дека членството е ваша одговорност и вие нас не оставате да ве чекаме премногу. По децении огромна поддршка, каде отидоа парите на нашите даночни обврзници? После сите овие години има стратегија за се, има по два акциски планови за се, сечија свест е веќе трипати зголемена и сите се веќе обучени четирикратно, рече Коп.

Коп потенцира дека „ситуацијата во правосудниот сектор не остави без друга опција освен да ја евалуираме нашата поддршка која што ја даваме“.

-Сепак, самиот регион и покрај ова нема некоја друга алтернатива освен да се движи напред кон ЕУ. Друга алтернатива е за 20-ина години да се создаде една група на сиромашни земји со празни села, со празни места каде што ќе останат само стари луѓе додека останатите ќе бидат емигрирани. Знаците се тука. Ова не е бајка. Денешниот геополитички контекст е во најмала рака сложен, но неговиот релативно мало влијание врз регионот не може повторно да се искористи како изговор да не се оди напред. Одењето напред може само да се постигне само ако има владеење на правото, демократија и почитување на човековите права, додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons