Домашна пита со праз затру цело семејство – 47 годишна жена од Скопје почина, две лица се борат за живот 

47-годишна жена од Скопје починала денеска, а двете лица се во лоша здравствена состојба откако јаделе домашна пита со праз.

Жената заедно со својот сопруг и роднини со кој живееле во ист дом јаделе домашна пита, по што добиле симптоми на труење и веднаш побарале помош. Случајот бил пријавен во полиција.

„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“, соопшти полицијата.

Три лица биле хоспитализирани, но медиумите јавуваат дека жената денес починала додека еден од хоспитализираните сѐ уште во кома на КАРИЛ.

Според информациите кој роднини им ги кажале на медиумите питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз. Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил“ пестицид, но засега е непознато како отровот завршил во јадењето.

Инаку, „метомил“ е инсектицид. Опасен отров по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава. Познат и како „ Ланата“ ова е отровот за кој се претпоставува дека е виновен и за труењето на многу кучиња низ цела држава.

Отровот беше расфрлан низ паркови, дури и близу градинки, а сите животинки умреа во маки – гушење, нервни контракции налик на епилептични напади, пена од устата и смрт за помалку од еден час

Станува збор за еден од најјаките отрови, забранет за продажба во земјоделските аптеки. Се употребува за прскање на овошките и доста е ефикасен, но останува можноста за злоупотреби. Еден грам метомил убива човек од 70 килограми, нервен отров кој предизвикува грчеви во мускулатурата, огромно лачење на плунка, оток во белите дробови, пена во устата и на крај доаѓа до депресија на центарот за дишење, кома и смрт.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons