Украинците без струја и вода во време на сѐ поголем студ (ФОТО)

Володимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да преземе мерки против Русија поради нејзините напади врз цивилната инфраструктура, а рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, изјави дека штетата на инфраструктурата е предизвикана од украински противвоздушни ракети насочени кон руските ракети.

Температури под нулата, улиците замрзнати

Температурата во текот на ноќта се спушти под нула Целзиусови степени во градот што пред војната имаше 2,8 милиони жители и каде што веќе паѓа снег, а улиците се замрзнати. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека електричарите и мајсторите прават сè за да ја вратат електричната енергија „што е можно побрзо”, но закрепнувањето во голема мера ќе зависи од целокупниот енергетски биланс на националната мрежа.

Водоснабдувањето е обновено на левиот брег на Киев и делумно на десниот брег, но 70 отсто од жителите на главниот град на Украина утринава останаа без струја, објави градоначалникот Виталиј Кличко.

„Инженерите и експертите на Киевводоканал работеа цела ноќ за да го вратат животот во главниот град. Водоснабдувањето е веќе обновено на левиот брег на градот. Од десната страна планираме да го обновиме во првата половина од денот. Сепак, 70 отсто од градот и натаму остануваат без струја“, рече Кличко.

Фото: ЕПА

Како што јави украинска Правда, жителите на Киев јавуваат дека на десниот брег има струја и вода, но нема греење.

Ова е најголемиот прекин на струја во Киев од почетокот на војната, еден ден откако Русија изврши ракетни напади врз украинската престолнина.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons