Изгаснат е пожарот во Министерството за култура

Јавен обвинител врши увид за утврдување на причините за пожарот и еветнуланата штета по пожарот што избувна денеска попладне во Министерството за култура.

Во пожарот се запалиле три регистри и шина за кабел во една од просториите во министерството, но пожарот бил веднаш изгаснат со ПП апарат.

Сите вработени биле евакуирани навреме, се вели во соопштението на министерството за култура.

Исто така била повикана и противпожарна служба и екипа на министерството за внатрешни работи и јавно обвинителство.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons