ЕКСПЛОЗИЈА ВО КОСОВСКА МИТРОВИЦА: Шрапнели ги оштетија прозорците, а детонацијата ги разбуди луѓето 

Експлозија ноќеска имаше во северниот дел на Косовска Митровица. Детонацијата ги разбуди луѓето, а шрапнели ги оштетија прозорците.

Во близина на центарот за регистрација на возила во северниот дел на Косовска Митровица во текот на изминатата ноќ е активирана експлозивна направа. 

Како што јави РТС, детонацијата за медиумите ја потврди и заменик командирот на полицијата за северниот регион, Ветон Елшани, додавајќи дека полициската патрола го утврдила местото на настанот и дека најверојатно се работи за рачна бомба.

Во центарот за регистрација на возила во Косовска Митровица, од први декември досега се извршени 1.860 контроли за пренос на возила од српски на локални „РКС“ таблички. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons