Советот на јавни обвинители не успеа да избере никого од кандидатите за ОЈО ГОКК 

Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија денеска не избра ниту еден од шестемина пријавени кандидати за јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје.

Ова го соопшти претседателот на Советот на ЈО Антонио Јолевски по денешната 67 седница каде информираше дека за позиците иако биле пријавени шест кандидати, за четири места во ова обвинителство, ниту еден од нив при гласањето не ги добил потребниот број гласови.

Кандидати кои не ги добија потребниот број на гласови беа Милица Гаврилова и Маја Коневска од ОЈО ГОКК Скопје, Арсен Адеми и Елизабета Јосифовска од ОЈО Гостивар, Верица Бержевска Крстевска од ОЈО Скопје и Златко Биковски од ОЈО Берово.

Инаку на денешната седница според најавата требаше да се изгласа и составот на комисијата што ќе го спроведе изборот на претседател на ОЈО ГОКК Скопје, на местото на суспендираната Вилма Рускоска, што треба да се одржи на 7 ноември. Мандатот на Русковска трае до 14 ноември, а за нејзина времена замена на 29 август беше назначен обвинителот Трајче Пеливанов. Во меѓувреме минатата недела Рускоска најави дека ќе се кандидира за уште еден мандат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons