Вучиќ за ситуацијата на Косово: „Ако тргнат со оружје – нема предавање“ (ВИДЕО) 

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се обрати на медиумите по Седницата на советот за национална безбедност, која беше итно одржана поради ситуацијата на Косово.

Тој на почетокот кажа дека слушнал сè што утринава на состанокот му кажале претставниците на Србите на Косово. Досега 17 лица ги пререгистрирале своите возила на приштински таблички, она што од нив го бара владата на Аљбин Курти.

„Таков меѓународен акт не постои, но кому му е гајле“, кажа Вучиќ, читајќи ја секоја точка од договорот потпишан меѓу Белград и Приштина. Косовската влада се заканува дека ќе продолжи со таа акција, „што го загрозува мирот и функционирањето на Србите на Косово“, додаде тој.

„Ние пред неколку дена добивме демарш, ставовите на САД и земјите од ЕУ, усогласени. Во точка два се вели дека треба да разбереме дека косовската акција во врска со табличките е легитимна и дека проблемот е во времето и методите“, кажа тој.

Вучиќ кажа дека ги известил странските амбасадори дека станува збор за ноторни лаги бидејќи тоа никаде не е потпишано.

Српскиот претседател објасни дека во договорот од 2011 наведено е дека КС табличките се статусно неутрални, но дека Приштина тоа сега го негира. „Цело време на тоа инсистираме, ние инсистираме на КС таблички, а тие велат дека нема повеќе КС таблички бидејќи ги укинале“, кажа тој и додаде дека Приштина бара РКС таблички, што е неприфатливо бидејќи не е статусно неутрално бидејќи РКС значи Република Косово.

„Државата Србија нема да дозволи погром ниту убивање на својот народ. Нема да се повтори 2004 година, ниту слични акции“, кажа Вучиќ.

„Ние сме тука за да бидеме со Србите од Косово не само кога е лесно, туку и кога е тешко и целосно ќе бидеме со својот народ“, заклучи српскиот претседател.

На прашањето која е пораката до Србите на Косово, тој кажа: „Нема предавање. Ќе повторам. Нема предавање. А ако почне некаква оружена акција против Србите, ќе истакнам – прогони и убиства нема да има“, повтори Вучиќ.

Претставниците на косовските Срби порачаа дека ако косовските безбедносни сили почнат да ги одземаат возилата на Србите кои не презеле косовски таблички, ќе ги блокираат сите влезови и излези од Косово.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons